Tел: +389 78 233 767 | Mail: contact@jk.com.mk


Казино тура

Почуствувајте го адреналинот во блескавиот свет на игрите и возбудата кои може да ви ги овозможи оваа тура. Казино турата низ Македонија Ве води во најдобрите казина и хотели во оваа земја.

Карактеристики на турата:

Времетраење на турата: 3 дена 2 ноќевања ( со можност за продолжување на турата за уште 2 ноќевања и посета на повеќе казина )
Термини: цела година
Големина на групата: минимум 2 лица ( бројот на патници има влијание на цената )
Состанок на групата: во Битола или Гевгелија
Цена по лице: цена од 179 Евра по лице во зависност од бројот на патници, квалитетот на хотели во кои се престојува и организацијата на превозот
Турата вклучува: Превоз, сместување во хотел, оброци спомнати во програмата, освежување за време на патувањето, придружба од страна на професионален туристички водич

1 Ден
07:00 Состанок на Групата на договорената локација и поаѓање за Хотел Епинал Битола
10:00 Пристигнување во Хотел Епинал и сместување , разглед на Широк Сокак и уживање во единствениот вкус на битолското традиционално кафе на оваа амбиентална улица
13:00 Слободно време за рекреација низ Битола
19:00 Посета на LeGrand Casino
24:00 Можност за посета на некоја локална дискотека. Ноќевање

2 Ден
08:00 Појадок во хотелот Епинал
10:00 Одјавување од хотелот и поаѓање за Гевгелија
12:00 Попатна посета на Винарската визба Тиквеш, разглед на винаријата и дегустација на сортни вина
13:00 Ручек во оваа винарска визба
16:00 Поаѓање за Гевгелија
18:30 Пристигање во Гевгелија и сместување во Принцес казино кое ви нуди 24 часовна забава. Казиното располага со 515 слот машини, 4 електронски рулети, 24 маси со жива игра, 8 Тексас Холд'ем Покер маси, ВИП зона, ресторан со вкусен дневен шведски стол и ексклузивен бар
20:00 Посета на Принцес казино. Ноќевање

3 Ден
08:00 Појадок во хотелот Принцес
10:00 Одјавување од хотелот
11:00 Слободно време за разгледување на Гевгелија
16:00 Поаѓање