Винска Тура
Македонија е земја во која се произведува едно од најдобрите вина во Европа. Со оваа тура Ви овозможуваме да ги дегустирате сортните вина во познатите винарски визби во Македонија и да ја вкусите прекрасната храна која се приготвува во оваа земја. Со помош на нашиот професионален дегустатор на вино можете да направите избор за вашата винска дегустација.
Карактеристики на турата:
Времетраење на турата: 2 дена 1 ноќевање (со можност за продолжување на турата за уште 2 ноќевања и посета на повеќе винарски визби)
Термини: Април - Октомври
Големина на Групата: минимум 2 лица ( бројот на патници има влијание врз цената )
Состанок на групата: спортска сала Младост во Битола или пред Холидеј Ин во Скопје
Цена по лице: цена од 79 Евра по лице во зависност од бројот на патници, квалитетот на хотели во кои се престојува и организацијата на превозот
Турата вклучува: превоз, сместување во хотел, оброци спомнати во програмата, освежување за време на патувањето, со придружба од страна на професионален туристички водич.
1 Ден.
07:00 Состанок на групата на договорената локација и поаѓање за Демир Капија во винарската визба Попова Кула
10:00 Пристигнување во Попова Кула и сместување во хотелот Попова Кула, разглед на винарската визба.
12:00 Дегустација на вина, ручек
17:00 Слободно време за рекреација низ Винарската визба
19:00 Вечера
2 Ден
08:00 Појадок во хотелот Попова Кула
10:00 Одјавување од хотелот и поаѓање за винарска визба Тиквеш
12:00 Пристигнување во Винарската визба Тиквеш, разглед на винаријата и дегустација на сортни вина
13:00 Ручек
16:00 Поаѓање за Битола
18:30 Пристигнување во Битола